Спасов: И во иднина ќе продолжат инвестициите за изградба на детски градинки
Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митрески, го посети руинираниот објект во близина на Основното Училиште „Димитар Поп Ѓоргиев- Беровски“, кој ќе станде детска градинка.
- Во изминатиов период имавме низа активности за зголемување на капацитетот за сместување на деца од предучилишна возраст во детските градинки, меѓутоа исто така и за зголемување на квалитетот и услугите. Изминатите 12 месеци заедно со новата детска градинка во општина Росоман, отворивме вкупно 15 нови објекти за детски градинки. Со вакви интензивни активности кои се насочени кон зголемување на капацитетите на детските градинки и подобрување на условите, продолжуваме и во наредниот временски период. Досега во изминатите години значително е зголемен капацитетот за сместување на децата во градинките, односно за децата од 3 до 6 години капацитетот е зголемен за 20 отсто, што е значително подобрување на капацитетите во Македонија на детските градинки и токму во оваа насока со интензивни активности и инвестиции во изградби и отворање на нови детски градинки планиреаме да продолжиме, вели министерот Спасов.
Од своја страна и градоначалникот Сокол Митревски истакна дека во новиот објект во Ѓорче Петров ќе бидат згрижени 50 деца, што ќе придонесе за растеретување на останатите градинки.
Во завршна фаза се детските градинки во општините Дојран, Василево и во дебарско Могорче, а започната е изградба на градинките во Карбинци и Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа