НБРМ подготвува нови кованици - ќе се издадат монети од 100 и 1000 денари
Народната банка на Република Македонија донесе одлука за издавање ковани пари за колекционерски цели со ликот на Кирил и Методиј и со Лав од серијата хороскопски знаци.
Кованите пари „Кирил и Методиј“ ќе бидат во апоени од 100 денари и 1.000 денари, додека кованата пара „Лав“ ќе биде во апоен од 10 денари. Со оглед на високиот квалитет што го поседуваат, издавањето на кованите пари за колекционерски цели ќе придонесе за подобро претставување на земјата на домашен и на меѓународен план
27.03.2014 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа