Грчки весник: Нимиц најавува нов предлог за Скопје
Многумина ќе речат дека ова е испробан и често користен рецепт од страна на американскиот медијатор Метју Нимиц: за 22 години, колку што трае неизвесноста меѓу Грција и Скопје за прашањето за името на соседната земја, кога преговорите „стагнираат“ Нимиц се повикува на претстојните избори во Грција или Македонија, за да го оправда фактот дека во преговорите помеѓу двете земји нема напредок. Ова денеска го напиша грчкиот весник „Прото Тема“ осврнувајќи се на вчерашната рунда преговори за името на Македонија во Њујорк.
- „Понекогаш вистинска и понекогаш привидна, оваа тактика во голем степен е одговорна за фактот дека не постојат резултати, кои можат да доведат до прекинување на неизвесноста. Вистина е дека во минатото, за време на владата на Симитис и со Јоргос Папандреу во Министерството за надворешни работи, двете влади се согласиле за формула за решение и постигнале договор за името, но тоа никогаш не отишло понатаму поради изборите кои доведоа до смена на владата во Грција“, пишува весникот, обвинувајќи ги македонските власти и заклучувајќи дека „итриот“ американски адвокат ги користи изборите како оправдување за фактот што нема напредок, „главно поради неподготвеноста на македонскиот премиер Никола Груевски да се повлече од својот бескомпромисен став“.
Другите грчки медиуми, без коментар ја пренесуваат веста на државната новинска агенција АНА-МПА за средбата на Нимиц со двајцата амбасадори во Њујорк, нарекувајќи ја „неплодна“.
Медиумите исто така ја пренесуваат и изјавата на грчкиот амбасадор Василакис кој за АНА-МПА.
- Од тогаш, со оглед на тоа што и двете страни бараат активирање на процесот на Обединетите нации, мислам дека Нимиц размислува за одржување на состанок во Њујорк, можеби во мај, по изборите во Скопје. Потоа, тој размислува, можеби да го посети и регионот, кон крајот на јуни, рекол Василакис.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа