И Црна Гора и Албанија се приклучија кон санкциите на ЕУ против Јанукович

 

Шест земји надвор од Европската унија, меѓу кои Црна Гора и Албанија, се приклучија кон санкциите на ЕУ против поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович и членови на неговиот кабинет, соопшти денеска Кабинетот на Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Тајнуг претходно јави дека Црна Гора и Албанија се приклучиле кон санкциите на ЕУ против Русија, по што испрати корекција.

Во соопштението се наведува дека Црна Гора, Албанија, Исланд и Молдавија во согласност со Договорот за стабилизација и асоцијација усвоија европски санкции кон поранешни функционери за кои постои сомнеж дека проневериле државни фондови.

Норвешка и Лихтенштајн, кои не се членки на ЕУ, но се во составот на Европската економска заедница, исто така се приклучија кон санкциите.

- Европската унија беше информирана за овие одлуки и ги поздравува, порача Ештон.

20.03.2014 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега