Годинава 5.500 пензионери бесплатно ќе уживаат на бања
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ги посети пензионерите во Катлановска бања кои ја користат бесплатната услуга за бањско климатска рекреација што им ја овозможува државата.
- Годинава планираме да опфатиме бројка од околу 5.500 пензионери кои што ќе ја искористат оваа бесплатна услуга, што се состои од шест полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани. Особено е важно што пензионерите кои досега ја користеа оваа услуга и пензионерите со кои денеска остварив средба се навистина задоволни од реализацијата на овој проект, но исто така и од условите кои ги нудат бањите во Република Македонија за нив, изјави министерот Спасов.
Тој најави дека покрај продололжувањето на овој проект, Владата ќе продолжи и со реализација на други слични проекти со цел континуирано подобрување на условите за живот на пензионерите.
- Ќе продолжиме и натаму со реализација на овој и слични проекти со кои се подобрува социјалнот живот на пензионерите, нивното здравје и се подобруваат воопшто условите за живот. Верувам дека заедно со зголемувањето на пензиите, кое што е значително и е направено изминатите години, и ваквите проекти придонесуваат за подобрување на стандардот на пензионерите во Република Македонија, истакна министерот Спасов.
Пензионерите кои се сместени во Катлановска бања посочија дека се задоволни од условите, некои од нив никогаш не можеле да си дозволат да посетат некоја бања. Изразија надеж дека проектот ќе продолжи и во иднина и оти уште поголем број од нив ќе можат да ја искористат оваа бесплатна услуга.
Со овој проект во текот на изминатите години во кои тој се реализира се опфатени над 22.000 пензонери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа