Лажен полицаец измамил 83-годишна жена за 17.300 евра, ѝ рекол дека нејзината внука прегазила дете

 

Измамник одзел 17.300 евра од 83-годишна жена во Скопје. Случајот го пријавила самата вчера во 18:30 во ПС Бит Пазар. 

Пријавила дека лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало. 

Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

24.05.2025 - 15:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега