Тешка сообраќајка на автопатот Гостивар - Тетово: Сообраќајот пренасочен по споредни патишта

 

Денеска (24.05.2025) околу 10.15 часот е пријавено дека на автопатот Гостивар –Тетово, на еден километар после наплатна станица Гостивар, товарно возило „рено“ со скопски  регистарски таблички, управувано од Ф.Џ.(23) од гостиварско Калиште, се превртело на патот. Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди, а патот е затворен и сообраќајот се пренасочува по околните патишта. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

24.05.2025 - 12:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега