Нова Македонија доби нов главен и одговорен уредник
Дневниот весник Нова Македонија доби нов главен и одговорен уредник. Врз основа на објавениот конкурес за работното место, Комисијата за избори и именување одлучи ваквата позиција да му ја додели на Александар Димковски.
Во неговата 20 годишна карирера, од 1994 година тој постојано пишувал во весникот Нова Македонија, а на позицијата главен и одговорен уредник бил од периодот од 2004 до 2008 година.
Во својата богата новинарска кариера Димковски извршува редица одговорни функции од кои последните две години и како помошник на главниот и одговорен уредник.
Тој е магистер, оженет и татко на четири деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа