Тодоров во посета на бебенцето кое беше најдено во центарот на Скопје

 

Денеска во Одделот за интезивна нега и леквуање на Клиниката за детски болести министерот за здравство Никола Тодоров го посети хоспитализираното бебе кое викендов беше најдено на хауба на паркиран автомобил на улицата „Никола Вапцаров“ во центарот на Скопје.

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова го информираше министерот Тодоров за здравствената состојба на бебето и за мерките кои се преземаат за негово лекување, соопштија од таа јавна здравствена установа.

Бебето, како што се наведува, и понатаму останува на Одделот за интензивна нега и лекување  и се очекува понатаму да биде префрлено на неонатолошкиот оддел каде ќе продолжи лекувањето.

Здравствените власти и јавноста ќе бидат постојано информирани за здравствената состојба на детето, стои во соопштението.

17.03.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега