Попоски во Кичево ги најави реформите во МНР

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги најави реформите кои што ќе се воведат во министерството, меѓу кои се и задолжителното владеење на англискиот јазик од страна на дипломатите, како и други светски јазици. Ова денеска Попоски го најави во една локална телевизија во Кичев. 

Попоски зборуваше за улогата на економските промотри и нивната значајна улога во привлекувањето на странски инвеститори, односно во претставувањето на земјата како место погодно за водење бизнис. 

Во однос на евроатлантските интеграциски процеси, Попоски подвлече дека тие се многу битни за земјата, бидејќи  членувањето во НАТО и ЕУ ќе придонесе странските инвестици уште повеќе да се зголемуват.

Попоски се освфрна и на односите со соседните земји. 

17.03.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега