Груевски: СДСМ не собра сила да пофали ниту еден проект на Владата

 

 

Секој еден граѓанин може да се пронајде во најмалку еден проект, а во најголем број случаи во многу повеќе проекти од еден. Жалам што опозицијата во Македонија, ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави и пофали ниту еден единствен проект кој го направивме. И не само што немаат сила да кажат добар збор за ниту еден наш проект, тие безочно критикуваат се што ќе направиме без разлика колку е квалитетно и на колку луѓе директно ќе помогне.

Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, давајќи отчет за работата на Владата.  

- Овој отчет содржи елаборација за како што кажав 1. 376 проекти. Денес споменав само мал дел, и сите тие проекти по сите параметри и по сите реакции носат одредена корист за народот или за определена општетстевна група од народот, за луѓето, за граѓаните во оваа држава, или за одредена општествена група. За да подобрат некои услови, за да дадат нови можности, некое покачување на примањата, некое намалување на трошоците, едноставно даваат корисност, истакна Груевски. 

Според Груевски, таа корисност, се однесува на целиот народ без разлики по нација и вера, по пол или богатство...

- Жалам што за сите овие проекти опозицијата во Македонија, ниту еднаш не собра сила и не покажа доблест да поздрави и пофали барем еден единствен проект кој го направивме овие години. И не само што немаат сила да кажат добар збор за ниту еден наш проект, тие, се што ќе направиме без разлика колку е квалитетно и на колку луѓе директно ќе помогне, безочно критикуваат, со гнев напаѓаат, потценувајќи ги граѓаните и нивната свест и тврдејќи дека не постојат дела, не постои новиот стадион во Скопје, новите булевари, нема нови фабрики и нови вработувања, истакна Груевски. 

Но, продолжи тој, тоа зборува за нив и за нивните вредности.

 - И јас само ќе им посакам да продолжат да живеат во тој филм и да се лажат самите себе си дека проблемот не е до нив што народот не ги бира и не им ја дава довербата во мнозинство, туку дека народот е во заблуда и е изманипулиран. Нека си се лажат самите себе, а ние ќе продолжиме да создаваме дела и да работиме со сета сила за нашиот народ, благодарни и одговорни кон довербата која ни се дава. Ќе нудиме програми, реални и остварливи и како денес, ќе даваме отчет за тоа што сме го реализирале, а претходно сме го ветиле. Затоа што тоа не прави различни нас и нашите опоненти. Со овој отчет, но и со програмата која ќе следи, ние ја бараме повторно поддршката од Вас, почитувани сограѓани, истакна премиерот Груевски.

16.03.2014 - 15:25
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега