Си купувале се што им треба но не потрошиле ни денар - еве како
Полицијата вчера се пуштила во потрага по лице кое пуштило во оптек фалсификувана банкнота од 500 денари и преземените мерки, биле уловени 20 годишниот Х.В. и 19 годишниот Н.В., двајцата од Свети Николе.
Кај Х.В. биле пронајдени четири фалсификувани банкноти од 500 денари и осум фалсификувани банкноти од 100 денари. Бил претресен и неговиот дом, каде биле пронајдени уште две лажни банкноти од 500 денари, една од 100 денари, принтер со скенер и копир во кој стоела оргиналната банкнота од 100 денари.
Х.В. и Н.В. ќе заработат соодветни пријави.
16.03.2014 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа