Утре ќе се одржи марш на Матка

 

Утре ќе се одржи традиционалниот, осумнаесетти „Марш на Матка“, кој се одржува како најава на планинарската сезона во Македонија, 

Стартот на маршот е од ресторанот „Манастирска пештера“ (некогашна „Мечкина дупка“),  во 10:05 часот, а првите педесетмина што ќе пристигнат на Петров Камен, односно Свети Спас, ќе добијат по една книга од книжевната ризница на издавачката куќа „Матица македонска“.

Маршт е организиран од Планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД, помогнати од „Неоком“, „Алкалоид“ и „Датинг“,  а кон поддржувачите се придружија и Федерацијата на планинарските спортови, познатите планинарски друштва „Кораб“ и „Трансверзалец“, како и Скопско туристичко лето.

Маршот го поддржаа и Македонската радио-телевизија, општината Сарај, од одборите на црквата „Св. Злата Мегленска“ од Сарај, Манастирот „Св. Богородица“ и Здружението на љубителите на Свети Спас од Матка, како и, во годината на полнолетството, од Меѓународната асоцијација ИСЦА. Воедно е вклучен и во перманентната акција Now we move. 

15.03.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега