ВИДЕО: Тригодишно девојче ја исече косата за да помогне на детенце болно од рак!

 

Тригодишно девојче направи хумано дело кое светот долго ќе го памети. Се работи за тригодишното девојче Емили Џејмс кое си ја исекло косата за да ја донира на девојче кое боледува од рак.

Иако многу си ја сака косата, откако нејзините родители и објасниле зошто му е потребна косата на малото девојче, Емили се решила да помогне.

- Тоа е толку тажно. Не сакам ниту едно дете да остане без коса. Јас ја имам премногу и сакам да ја подарам некому, изјавува Емили.Емили седнала во фризерскиот салон на својот вујко Метју, гледала како тој претходно ја стриже нејзината кукла за да ѝ покаже каква фризура таа набрзо ќе има, а потоа мирно седела додека ѝ ја сечеле косата.

Погледнете...

10.03.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега