Конзервативците и социјалдемократите формираа коалиција во Германија

 

Фридрих Мерц, претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатен иден германски канцелар, изјави при претставувањето на коалицискиот договор на идната демохристијанско-социјалдемократска влада во Берлин дека договорот претставува силен сигнал за Германија, но и за Европската унија.

„Германија добива ефикасна и силна влада, тоа е пораката до нашите европски партнери. Европа може да се потпре на Германија“, изјави Мерц по завршувањето на коалициските преговори меѓу демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Мерц ги пофали брзите и складни преговори со СПД и заклучи дека тоа претставува важна основа за идната соработка.

„Заеднички дојдовме до овој договор и сметам дека тоа е добра основа за работата на владата во следниот изборен период“, изјави Мерц.Тој изрази уверување дека новата влада ќе започне со работа „најдоцна на почетокот на мај“.

09.04.2025 - 19:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега