Бела пена, мртви риби и ракови го прекрија брегот на Дојранското Езеро

 

Денеска по брегот на Дојранското Езеро, на потегот меѓу Стар и Нов Дојран има непријатна слика за гледање, откако се појавија бела пена, мртви риби и ракови насекаде по брегот.

Како што објави МКД.МК веќе неколку часа трае обидот да се добие некаква официјална информација од надлежните институции – Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за земјоделие, но засега нема никаква информација.

Им било беше посочено дека надлежен бил и Хидробиолошкиот завод од Охрид или Сточарскиот институт кои треба да го утврдат поморот.

09.04.2025 - 17:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега