ФОТО: 700 граѓани вработени во „Дрексел Мајер“ - Иванов во посета на Неготино
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска го посети Неготино каде се сретна со граѓаните за да се информира за реализацијата на тековните проекти.
Жителите на Неготино се согласија дека отворањето на странските фабрики во овој регион значат подобра перспектива за младите, бидејќи ќеовозможат нови вработувања, како и економски развој на овој крај. Како што пренесува Курир, особено беше потенцирана изградбата на германската фабрика Дрексел Мајер во Кавадарци за производство на кабелски инсталации и опрема. Жителите на Неготино истакнаа дека од нивната општина се вработени околу 700 лица во оваа фабрика.
Претседателот Иванов посочи дека паралелно со странските треба да се стимулираат и домашните инвеститори. Жителите го информираа дека се изградени две комплетно нови спортски сали во вредност од 66 милиони денари, инвестиција на Владата, и дека е од неодамна добиле и мултинаменско игралиште во населбата Саат-кула.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа