Грција го актуелизира прашањето за референдум за името на Македонија
Грчкиот весник на уредниците днееска пишува дека официјална Атина на состанокот на 28-те министри за надворешни работи на ЕУ во Солун најверојатно ќе соопшти дека ќе организира референдум за прашањето за името на Македонија. Како што јавува МИА, весникот истакнува дека „Самарас бара начин да се заштити од меѓународен притисок и разгледува план за референдум“.
- Со предвремените парламентарни избори кои во Македонија ќе се одржат на 27 април, на денот кога ќе се спроведува вториот круг од претседателските избори, Андонис Самарас собира информации за да спроведе план според кој Атина ќе избере да организира референдум преку кој во Грција ќе се одобри каков било договор за прашањето за името, пишува весникот.
Весникот додава дека „според сите мерења, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на изборите со што уште повеќе ќе се намали можноста за постигнување договор со Грција“.
- Според некои информации, Андонис Самарас, кој се смета за ’тежок националист’ во Македонија, наводно, смета дека Грција не може да си дозволи да се соочи со меѓународен притисок (ЕУ, НАТО и САД), како после Букурешт во 2009 година, тврди „Весникот на уредниците“ и додава дека со оглед на тоа што„ Груевски вети дека ќе стави на референдум секакво решение за името, истото ќе го направи и Атина“.
Во врска со Македонија, Венизелос, не повтори дека средбите во Скопје биле „во непријатна атмосфера“, туку овој пат одлучи да ги окарактеризира како „корисни“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа