Анкета на Павел Шатев: Речиси 60 отсто од граѓаните не веруваат дека СДСМ би ги исполниле ветувањата

 

Во периодот помеѓу 16 и 19 Февруари Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета на 1450 испитаници со цел да ги утврди ставовите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

 Во првиот дел од анкетата кој беше претходно објавен, беа претставени резултатите за рејтингот на партиите и нивните лидери, додека во вториот дел граѓаните беа запрашани за нивните перцепции во однос на довербата во работата и ветувањата на политичките партии, како и блискоста на личните ставови на граѓаните со партиските позиции во однос на повеќе актуелни прашања.   

Според податоците од анкетата, на прашањето која политичка партија има поквалитетно и поспособно раководство, 38,9 проценти одговориле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 21,6 проценти одговориле дека тоа е СДСМ. 39,3 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра економска програма, 19,2 сметаат дека тоа е СДСМ, додека 41,5 проценти одговориле дека не знаат. 

41,1 процент од граѓаните кои биле опфатени со анкетата, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата дадени кон граѓаните. Од друга страна, 22,4 проценти сметаат дека тоа не е така.

На прашањето дали сметате дека доколку СДСМ дојде на власт ќе ги исполни ветувањата дадени кон граѓаните, 59,3 проценти од анкетираните одговориле дека тоа нема да биде така, додека само 18,4 проценти сметаат дека СДСМби го исполниле ветеното. 17,5 % сметаат дека економските мерки кои СДСМ ги предлага се квалитетни и добро обмислен, а 59,6 отсто сметаат дека економските мерки предложени од СДСМ се нереални и во насока на предизборна кампања.

36,1 проценти од граѓаните ги поддржуваат позициите за името на ВМРО-ДПМНЕ, 16,5 на СДСМ, а 20,1 отсто одговориле дека не ги поддржуваат позициите за името на ниту една од нив.

Во однос на националните прашања, 36,4 изразиле поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, додека 16,1 за СДСМ.

На прашањето  чии позиции ги поддржувате повеќе во однос на борбата со корупција и криминал32,3%одговориле дека ги поддржуваат позициите на ВМРО-ДПМНЕ, додека само 15,1 процент на СДСМ.

 

 

 

 

 

28.02.2014 - 12:40
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега