Укранците го губат домаќинлукот за Евробаскетот 2015?

 

И покрај хаосот во Украина, челниците на кошаркарската федерација во оваа земја се убедени дека можат да бидат одлични домаќини на Евробаскетот за мажи во 2015 година. ФИБА изрази загриженост па веќе почна да бара држави кои би можеле да бидат замена за Улраина, а директорот на ЕП 2015 Маркијан Љукивски, и генералниот секретар на украинската федерација Александар Ларин, веќе се во ФИБА Европа во Михен, каде ги убедуваат челниците европската кошаркарска куќа да не ја избришат Украина од организацијата. 

Ако се случи на Украинците да им биде одземена доделената организација на завршницата на Евробаскетот 2015, тогаш фаворит да го преземе првенството е Франција. Французите сами се понудиле да бидат домаќини во случај Украина да не биде подготвена да ги преземе сите организациски и безбедносни мерки потребни за ваков голем настан. 

27.02.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега