Избувна пожар кај Циглана во Драчево

 


Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што се наведува во соопштението на ЦУК, преку бројот за итни повици 112 добиена е пријава за пожар на отворено, по што известени била Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).

– Преку бројот за итни повици 112 добиена e пријава за пожар на отворено кај поранешна Циглана - Драчево, на патот накај железничката станица, гори ѓубриште и трева. Известени се БППЗ, наведуваат од ЦУК. 

22.04.2025 - 16:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега