Тешка сообраќајка во Македонија - Шест повредени, меѓу нив и деца
Во текот на вчерашниот ден во 15 часот и 30 минути, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Според информациите, се судриле патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа