Драма во хотел: Љубовник падна од четврти кат бегајќи од сопругата со чаршафи
Шеесет и шестгодишен прељубник претрпел сериозни повреди бегајќи од својата сопруга додека се обидувал да се спушти од четвртиот кат на хотелот користејќи врзани чаршафи, објави во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург.
Мажот во петокот бил во соба со љубовницата кога неговата сопруга почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои.
Сепак, тој се лизнал и паднал од значителна висина на настрешница, по што со возило на Брза помош бил пренесен во болница.
Полицијата, која била повикана на местото на настанот, ја опишала состојбата на мажот како сериозна, но изјавила дека не е опасна по живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа