Србија: Легализација на марихуаната само во медицински цели?
Српската министерка за здравство изјави денеска дека легализацијата на марихуаната во медицински цели не значи легализација на дрога, туку можност експертите со веродостојни методи да одредат дали таа во некои околности кај одделни пациенти може да има својство на лек.
- Секоја супстанца може да биде и лек и отров. Експертите врз основа на прецизни методи утврдуваат што е лек, која доза може да се даде на пациентот, на кој смее да се даде, рече Дејановиќ.
Таа додаде дека веќе постојат слични ситуации, дека е познато дека постои морфиумска зависност, но дека морфиумот се користи и како лек бидејќи ја ублажува болката и доведува до подобра духовна состојба на многу тешко болни пациенти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа