Пиќе две недели надвор од фудбалските терени

 

Наредните две седмици, поради повреда Џерард Пике ќе биде надвор од фудбалските терени.

Дефанзивецот на Барселона се здобил со повреда на бутниот мускул на натпреварот против Реал Сосиедад одигран во саботата која Барселона го загуби со 3:1, по што му го препушти лидерското место на табелата во Примера на големиот ривал Реал Мадрид.

Пике ќе ги пропушти натпреварите против Алмерија и Ваљадолид, а неизвесен е и неговиот настап за реванш дуелот против Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ова ќе биде дополнителен проблем за тренерот на Барселона, Герардо Мартино, имајќи ја во предвид лошата игра на неговиот тим во одбраната како и отсуството на повредениот Жорди Алба, но и реконвалесцентниот Карлос Пујол.

24.02.2014 - 21:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега