Машка вечер: Што се случува кога момците ќе излезат сами

 

Ретко се случува, но кога дојде до тоа, „машкиот состанок“ е прекрасна работа. Кога твојата љубов се најде со својот најдобар пријател, се случуваат некои од овие работи.

Се потсмеваат на својот машки состанок- Веднаш на почетокот, мораат да разјаснат дека се свесни дека се на состанок и дека тоа им е помалку смешно. Ако тоа не го направат, ќе им биде малку незгодно.

Пиво- Кога двајца мажи ќе одат на пиво, се случува – пиво. Повеќе отколку што ќе ни признаат на нас, помалку отколку што ќе зборуваат на своите машки пријатели, но пивото е есенција на машките вечери.

Планови за бизнис- После неколку пива, еден од нив ќе добие „брилијантна идеја“ за нов бизнис, а после тоа заеднички ќе ја разработуваат. Наредниот ден повеќе нема да зборуваат за тоа.

Претерување- Набројување на девојките со кои биле, чудни секс пози во кои се нашле и голем труд меѓусебно да се импресионираат- е еден од главните активности на машката вечер. И двајцата знаат дека мамат, но тоа некако ги забавува.

Глумење- Секоја жена знае дека мажот на сосем друг начин и се јавува на телефон, кога е во друштво на пријател. Тогаш настапува глумењето на фраер, а откако ќе ја спушти слушалката, тој ист фраер објаснува на пријателот поради што тој е главен во врската. Со тоа се импресионира себе си и пријателот, иако и двајцата знаат дека станува збор за измама.

 

Извор: Во Штип

23.02.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега