Три нови мерки за вработување - ќе се опфатат 1670 невработени лица

 

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска за време на средбата со  Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка АД–Скопје, Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на УО и со Соња Николовска, Помошник директор на Сектор за кадри, информираше за активните мерки и програми коишто ги имплементираат Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, се со цел да се намали бројот на невработени лица.

-“Секако, во подобрување на состојбата на пазарот на труд,  имаме поддршка и од приватниот сектор кој што не само што активно партиципира во спроведувањето на мерките и политиките за поттикнување на вработувањето, туку имаат и повеќекратни придобивки од самите мерки. се придонесува за зголемување на вработливоста кај младите невработени лица, со што превентивно се делува и се овозможува тие подготвени да се вклучат на пазарот на трудот. Ова е всушност и целта на Програмата за практиканство за која веќе е распишан оглас со кој  што ќе се обезбеди поддршка за евидентирани невработени лица до 29 годишна возраст, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини. Годинава, со оваа програма се планира да бидат опфатени 319 лица и за таа цел се обезбедени средства во висина од 5.150.000,00 денари”, рече министерот Спасов на средбата.

Тој ги информираше претставниците на Стопанска Банка АД Скопје и за Програмата Обука кај познат работодавач којашто има за цел на евидентираните невработени лица да им се обезбеди определено ниво на знаења и вештини за работодавач, кој има утврдено определени потреби за работни места, со цел збогатување на знаењата и вештините за полесно вработување.

- “Со обуката ќе се опфатат невработени лица со основно и средно образование и вештини блиски на потребите на работодавачот. Подготовката за вработување трае до три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката и да не го намали бројот на вработените на неопределено време во рок од 6 месеци. Висината на паричната помош на невработено лице, односно работникот вклучен во подготовката изнесува 5,700.00 денари месечно плус надоместување на трошоците  на работодавачот за менторство и обука”, информираше министерот Спасов.

Објавен е оглас и за мерката Обука за задоволување на побараните занимања  на пазарот на труд.

- “Имено, во мерката Обука кај познат работодавач  учествувале 7278 лица, а се постигнати 6591 вработување. Во мерката Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот учествувале 1036, а се вработиле 491 лице, и во мерката практиканство  учествувале 1295, а е вработиле 759 лица. Додека пак само за овие три мерки за 2014 година обезбедени се 44.430.000 денари,  а планирано е да се опфатат  1670 невработени лица кои полесно ќе дојдат до работа”, заврши Спасов, нагласувајќи ја успешноста на мерките.

18.02.2014 - 13:00
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега