Денеска ќе дознаеме од што се гушеле учениците од Гостивар

 

Денеска ќе бидат познати резултатите од лабораториските испитувања на примероците земени од учениците од средното економско училиште во Гостивар.

14-те ученици од средното економско училиуште во петокот беа пренесени на скопската Клиника за токсикологија со симптоми на гушење.

Резултатите од првичните испитувања не покажале траги од хемиски реагенс или друг причинител за труење.

 

Учениците во саботата се чуствувале добро и биле пуштени дома. Наставата во училиштето се одвива нормално.

18.02.2014 - 10:00
Фото: 
doktori.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега