Средношколците ќе учат за штетните последици од дрогата

 

Царинската управа на Македонија од денеска во СУГС „Јосип Броз Тито“ официјално ја започна кампањата за подигнување на јавната свест за борба против нарко-трговијата.

- Царинските службеници во своето секојдневно работење откриваат случаи во кои се инволвирани голем број на млади луѓе кои свесно или несвесно биле, односно дозволиле да бидат искористени за нарко-трговија. Тоа, како и фактот дека злоупотребата на дрогите претставува проблем од светски размери беше повод Царинската управа да се одлучи за оваа кампања во насока на зголемување на познавање на степенот на штетните последици од користење и криумчарење на дрогата, изјави денеска директорката на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска.

Таа додава дека не случајно за целна група на оваа кампања се избрани средношколците. Младата популација е категорија со која лесно се манипулира, а за тоа говорат и податоците со кои располага Царинската управа дека во случаите со кои се запознаени во најголем дел како пренесувачи на наркотични дроги се јавуваат млади луѓе од 14 до 30 години од различни националности кои за тоа добиваат казна затвор од три до 10 години.

Минатата година Царинската управа запленила 934 килограми марихуана и 14 килограми хероин. На почетокот од оваа година запленети се два килограми хероин. 

17.02.2014 - 14:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега