Нормализирана наставата во Гостиварското економско училиште по случајот со труење

 

По случајот со труење од гас кој во петокот го потресе Гостивар, денеска е нормализирана наставата во Гостиварското економско училиште. На влезот на училиштето обезбедувањето проверува и легитимира кој влегува и излегува.

- Наставата во првата смена е започната според распоредот и учениците и наставниците се на часови. Очекувам наскоро и информација од Обвинителството и се надевам дека истаржните органи ќе го решат случајот, изјави Јованка Огњаноска директор на Средното општинско економско училиште „Гостивар“.

Засега гостиварската јавност се уште го коментира случајот, но јавно никој не посочува виновници, дали имало труење и што го предизвикало.

За потсетување, во петокот 60-тина лица ученици, наставници, обезбедувач и полицаец побараа медицниска помош. Од нив 14 беа згрижени на Клиниката за токсикологија во Скопје, поради симптоми на труење. Ден подоцна, сите се пуштени на домашно лекување без последици. 

17.02.2014 - 13:51
Фото: 
здравство24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега