Ќе се реставрира стариот конак во манастирот „Св. Никола“ во Љубанци

 

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, денеска го посети манастирскиот комплекс „Свети Никола“ во скопското село Љубанци.

Таа најави дека комплексот ќе биде реставриран, а за таа цел оваа и наредната година ќе бидат одвоени средства од буџетот на Министерството за култура.

- Манастирскиот комплекс на црквата Свети Никола од село Љубанци е еден од приоритетите во годишната програма на Министерството за култура. Минатата година се изврши целосен увид на состојбата на конакот, кога се увиде дека е во многу лоша состојба. Токму поради тоа надлежната установа Конзерваторски центар Скопје направи проценка на состојбата и изготвија проект за постојната состојба, истакна Канческа-Милевска.

Канческа-Милевска за време на посетата информареше и дека иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, е целосно реставриран и конзервиран од страна на недлежната институција.

- Очекуваме до крајот на наредната година да го видиме манастирскиот конак во автентична состојба кој ќе може да прими повеќе посетители, истакна Канческа-Милевска.

Министерството за култура за заштита на културното наследство, во Годишната програма, освен овој, има предвидено и многу други проекти за конзервација и реставрација на сакралното и културното наследство. Меѓу нив се проектот за конзервација на архитектурата на црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во општина Старо Нагоричане, конзерваторско-реставраторски работи на живописот на манастирскиот комплекс Св. Ѓорги,  Кнежино од 14 век, конзервација на архитектурата и живописот на црквата св. Ѓорги во с. Курбиново...

16.02.2014 - 14:01
Фото: 
региони

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега