Ѓорчев и Павловска - Данева на Парламентарното собрание на ОБСЕ

 

Пратениците Ана Павловска - Данева и Владимир Ѓорчев денеска и утре ќе учествуваат на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена.  

Во агендата на заседанието на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, и ќе биде дискутирано за Парламентарната контрола на вооружените и безбедносните сили: обезбедување на транспарентност на национално и меѓународно ниво, Соработката во управување со води во просторот на ОБСЕ, Владеење на правото во просторот на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку.

Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Ранко Кривокапиќ, претседател на ПС на ОБСЕ, Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, и генералниот секретар на ОБСЕ амбасадорот Ламберто Заниери.

13.02.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега