НАТО: Утре средба Груевски - Расмусен во Брисел
Премиерот на Република Македонија Никола Груевски во текот на утрешниот ден ќе го посети седиштето на НАТО каде што ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Ова денеска го соопштија од седиштето на НАТО, со потврда дека претседателот на македонската Влада доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата.
Според официјалното соопштение од НАТО, по средбата Груевски-Расмусен ќе има и заедничка прес-конференција. Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата, при што Македонија е земја што е прва на листата, но не може да и се приклучи на најголемата воено-политичка организација на светот поради блокадите од Грција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа