„Помалку отпад“ и во Македонија - средношколците се обединуваат за почиста средина
Како дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се спроведува во сите средни училишта во Република Македонија, Ве повикуваме да се вклучите во интернационалната кампања „Помалку отпад“.
Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истатапо втор пат се спроведува во Македонија и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО и МОН.
Официјалниот почеток на кампањата „Помалку отпад“ на интернационално ниво е 22. јануари 2014 година.
Целта на кампањата „Помалку отпад“ е да се намали отпадот и да се влијае врз долгорочна промена во однесувањето кај учениците и пошироката јавност. Учениците од средните училишта, како дел од програмата „Млади репортери за животната средина“ кои ќе учествуваат во кампањата „Помалку отпад” треба да истражуваат локални проблеми поврзани со отпад, на пример влијанието на отпадот врз локалниот животински и растителен свет или човечкото здравје, производите или амбалажите кои луѓето најчесто ги фрлаат итн. Откако ќе се истражи проблемот треба да изработат новинарски дела како што се статија, фотосторија или видео записи. Новинарските дела треба да вклучуваат предлог решенија за намалување на отпадот.
Учениците се поттикнати да ја издаваат и/или шират нивната работа на веб-страницата на кампањата и преку други медиуми (социјални мрежи, блогови,печатени и ТВ медиуми итн.). Ве повикуваме да се вклучите во кампањата „Помалку отпад“ и дa ги поддржите активностите на учениците од средните училишта од Вашата општина. На следниов линк можете да се информирате за сите активности на кампањата:
За сите информации конркатирајте ја Васе Ачкоска, Програмски координатор на Програмата и национален координатор, на следнава е-пошта: [email protected] , телефон за контакт: 071/349 070.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа