Ја “изорале“ цела црква и си отишле со празни раце - МВР трага по несреќните крадци

 

Крадци се обиделе да ја ограбат црквата „Свети Константин и Елена“ во селото Вратница. Според пријавата на 56 годишниот Д.М, крадците насилно ја отвориле задната дрвена влезна врата, влегле во црквата, целосно ја пребарале но, не украле ништо и си заминале. Обидот за кражба се случил во текот на изминатата недела. Полицијата трага по сторителите.

Според податоците на тетовската полиција, во текот на изминатата година во Тетовско биле извршени десетина кражби во верски објекти, претежно во цркви и една во џамија. Главна цел на крадците биле пари и други вредни предмети.

Во Гостиварско,пак, биле извршени петнаесетина кражби во цркви, особено во регионот на Мала Река и селата Тресонче, Лазарополе, Росоки, Селце и Беличица, но таму крадците покрај пари и други предмети одзеле и стотина икони, меѓу кои има и вредни дела на познатиот мајстор Дичо Зограф. 

08.02.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега