Еве со кого ќе ги игра Антиќ на Ол Стар викендот
Македонскиот кошаркар и играч на Атланта Перо Антиќ е одреден да биде во тимот на Грент Хил на натпреварот на „Рајзинг старс челинџ“ што ќе се одигра на 14.февруари на рамките на „Ол старс“ викендот во Њу Орлеанс.
Антиќ е првиот Македонец што ќе настапи на „викендот на сите ѕвезди“. Покрај Антиќ во составот на Хил се наоѓаат: Дамиан Лилард (Портланд), Бредли Бил (Вашингтон), Андре Друмонт (Детроит), Харисон Барнс (Голден Стејт), Теренс Џонс (Хјустон), Јанис Антетокоунбо (Милвоки), Јонас Валанчиунас (Торонто) и Дион Вејтерс (Кливленд).
Во противничкиот тим, кој ќе биде предводен од Крис Вебер ќе настапат: Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Кели Олиник (Бостон), Мејсон Пламли (Бруклин), Тим Хардавеј Јуниор (Њујорк), Стивен Адамс (Оклахома), Џаред Салинџер (Бостон), Виктор Оладипо (Орландо), Мајкл Картер Вилијамс (Филаделфија) и Треј Бурк (Јута).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа