Стартува кошаркарскиот Куп на Македонија
МЗТ Скопје и Струмица попладнево во Охрид во салата „Билјанини извори“ ќе го отвори кошаркарскиот Куп на Македонија 2014.
Мечот ќе стартува во 17 часот и 30 минути.
Во вториот натпревар играат Кожув и Фени Индустри (почеток 20:30 часот).
Победниците во двата меча ќе се пласираат во првото полуфинале кое ќе се игра во сабота од 17 часот и 30 минути.
Четиридневниот турнир ќе продолжи утре со другите два четвртфинални натпревари: Работнички - Куманово и Лирија - Карпош Соколи.
Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром.
06.02.2014 - 16:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа