Испаничените вработени ги избркале крадците - неуспешен обид за грабеж во ТТК банка

 

Две засега непознати и маскирани лица утрово се обиделе да ја ограбат ТТК банка во Кавадарци, но не успеале во намерата.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, околу 8 часот утрово, две непознати лица влегле во ТТК банка и едниот од нив со пиштол барал од вработената да му ги даде парите.

Вработената и присутните почнале да врискаат и сторителите побегнале во непознат правец.

 

30.01.2014 - 14:12
Фото: 
охридскај

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега