Украдени народни носии, кафтани и димии од бутик во Тетово
Народни носии, кафтани и димии деновиве се украдени од бутикот „Алеза“ во Тетово. Со тоа, во бутикот во сопственост на 37-годишниот тетовчанец А.Ш. е направена штета од 300 илјади денари.
Засега непознати сторители кражбата ја извршиле ноќта помеѓу вторникот и средата, откако насилно ја отвориле вратата, влегле и одзеле 25 пара народни носии кафтани и 10 пара димии, а потоа со одземеното го напуштиле местото незабележани од никого.
Полицијата работи на случајот.
30.01.2014 - 13:35
Фото:
сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа