Крадците прават парче во полошкиот регион- еве што украле
Минатата година бројката на тешки кражби во тетовско-гостиварскиот регион бележи благ пораст. Како што информираат од СВР Тетово, лани имало 924 тешки кражби од кои 481 во Тетовско и 443 во Гостиварско при што крадците украле пари, накит и стока вредни над 700 илјади евра.
- Крадците, најчесто насилно ги отворале вратите и прозорците со кршење на цилиндер бравите, посебно во станови. Меѓутоа во не мал број случаи тие влегувале и низ незаклучени врати или подотворени прозорци, па потоа ги провалувале другите простории во внатрешноста на објектите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Најголем дел од кражбите се вршеле во куќи и станови каде сопствениците се на привремена работа во странство.
Освен во домови, минатата година, биле извршени и 71-на тешка кражба во продавници, поточно 43 во Тетово и 28 во Гостивар, 91. кражба во моторни возила од кои 45 во Тетово и 46 во Гостивар, како и 252-ве кражби на други места или 104 во Тетово, а 148 во Гостивар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа