СКАНДАЛ: Мицајков во бегство 4 месеци - ни полицијата ни судот за тоа не знаат ништо
Цели четири месеци нема никаква потера по поранешниот директор на Прилепскиот тутунски комбинат Тони Мицајков кој е осуден на затворска казна. Наместо во затворот во Идризово, Мицајков од 1 октомври е на слобода откако побегнал по лекарската интервенција која била извршена врз него.
Како што дознава Press24 Мицајков уште летото, минатата година побарал од Судот да биде пуштен на лекување, односно на операција на жолчката. Но Кривичниот совет ова барање на Мицајков не го одобрил, по што директорот на затворот во Идризово, го пуштил Мицајков на своја рака.
Кога на 1 октомври Мицајков не се појавил на затворското пребројување, директорот на затворот Живко Пејковски за тоа не ги известил институциите. Како што дознава Press24 од извори во судот и полицијата, до нив не пристигнало никакво известување дека Мицајков е на слобода па оттука, тие воопшто не биле информирани дека на затворот во Идризово му фали еден затвореник.
Токму затоа, до овој момент по Мицајков воопшто и не е распишана потерница, па тој доколку се наоѓал во државава, иако е осуденик, можел да се шета на слобода без никакви проблеми
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа