Несреќен тетовчанец: Го ограбиле баш кога бил полн со пари

 

55 годишниот тетовчанец В.Д. вчера добил ќотек и останал без 2.700 евра.

Според информациите од полицијата, тетовчанецот бил нападнат во близина на Градскиот стадион во Тетово. Неколку непознати лица најпрво физички го нападнале, а потоа од него одзеле поголем износ на девизи и денари. 

Несреќниот тетовчанец останал без 2.700 евра.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

29.01.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега