Аврамопулос вчера не дозволил да се интонира македонската химна

 

Грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос во текот на вчерашниот ден кога оствари средба со македонскиот колега Талат Џафери, не дозволил да се интонира македонската химна.

Грчките медиуми денеска пишуваат дека Аврамопулос ја „исекол“ македонската химна, која според Грците е „провокативна, бидејќи во неа се спомнува терминот Македонија, јави дописникот на МИА.

Порталот „Иефимерида“ напиша дека Аврамопулос го поздравил министерот Џафери на скалите на Министерството и со „страшен дипломатски маневар од церемонијата за дочек ја исекол провокативната национална химна“ на Македонија.

Инаку, за време на вчерашната средба, една од главните теми на разговор било прашањето за името. Аврамопулос ги повторил познатите ставови на Грција и рекол дека постигнување взаемно прифатливо решение ќе помогне да се реши хроничниот проблем меѓу двете земји и ќе придонесе за целосна нормализација на билатералните односи.

28.01.2014 - 12:54
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега