Палевски во последен обид да докаже дека е невин
Судењето за двојното убиство, на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски продолжи денеска во Кривичниот суд со дополнение на доказната постапка од страна на петмината обвинети. Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев предложи да биде изведени видео снимки од безниските пумби во Велес, кои јавноста веќе имаше можност да ги види од објавите на српскиот политичар Срѓан Ного.
Судот ги прифати да се изведат доколку одбраната на Видевски ги обезбеди. Владимир Туфегџиќ, адвокатотот на Александар Ѓорчевски, изведе докази дека таткото на Вања комуницирал со роднина - вработен во ГОБ 8 Септември, за да докажат пред судот дека утрото на 27-ми ноевмри 2023 година, кога беше киднапирана и убиена Вања, комуницирал со лекарот. Обвинетиот Палевски досега изведе два докази, со кои тврди на 22 ноември пред две години не бил во Велес туку во Скопје. Наспроти тврдењата на Обвинителството дека вечерта пред киднапирањето на велешкиот пензионер, Палевски бил во домот на Велибор Манев, првообвинетиот вели дека бил во Скопје, се движел со неговото возило и плаќал паркинг во Општина Центар. Адвокатите на Велибор Манев и Влатко Кешишев нема докази кои ги предлагаат во дополнение на доказната постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа