Напад со нож во Холандија - повеќе повредени
Неколку лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, објавија медиумите. Итните служби интервенираа кратко пред 6 часот наутро на улицата Фани Бланкерс-Кенлан во градот Хофдорп откога добија дојава за напад.
Еден полицаец бил однесен во болница, а на полициското возило била видлива крв. Полицијата во соопштението за мрежата X изјави: „Околу 6 часот наутро добивме пријава за напад на ‘Фани Бланкерс-Кенлан’
Неколку лица беа повредени, вклучувајќи и еден од нашите колеги. Многубројни служби за итни случаи и тимот за итна медицинска помош се на местото на настанот. Областа е блокирана. Истрагата е во тек. Повеќе информации ќе следуваат“.
Снимките и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат најмалку пет амбулантни возила, а на местото на злосторството е испратен и полициски хеликоптер. Според холандската новинска агенција АНП, во нападот загинале две лица, но полицијата сè уште не ја потврдила оваа информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа