Груевски ќе се растрча низ Македонија
Македонскиот премиер Никола Груевски, денеска во 13 часот ќе ги посети градежните активности на автопатот Демир Капија – Смоквица кај клучката Миравци.
Потоа, најавуваат од Владата, Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на водовод со резервоар за водоснабдување и канализационен систем со пропратни објекти во населеното место Ѓавато, општина Богданци.
25.01.2014 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа