Добри вести за Македонија - поевтинија пораките за гласање на Х-Фактор.

 

Македонската публика утре во 21 часот ќе има прилика да ужива во новата епизода на најпопуларното музичко шоу во регионот Фактор.

И во оваа епизода еден финалист ќе го напушти натпреварувањето, а кој ќе биде тоа-зависи исклучиво од вашите гласови! МБК Продукција и Сител ТВ им овозможија на гледачите во Македонија, од овој вторник цената за една порака за гласањето да изнесува 23,6 денари со вклучен ДДВ. Место досегашните 41,3 денари со вклучен ДДВ, од овој вторник цената на една СМС порака ќе биде 23,6 денари со вклучен ДДВ, што автоматски значи дека македонските гласачи ќе можат да гласаат во уште поголем број за своите фаворити.

-Веруваме дека сите гледачи ќе уживаат во тоа што им го подготвивме за вторник, во новата епизода од Фактор - истакнува Милена Поповиќ, ПР менаџер на овој попоуларен ТВ формат.

20.01.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега