Ѓорѓиев: Бројните странски инвестиции се резултат на успешната политика на Владата

 

Владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев денеска изјави дека Македонија привлекува голем број странски инвестиции како резултат на успешната политика на Владата и ефектите кои произлегуваат од неа.  Ѓорѓиев на прес-конференција посочи дека сите мерки и активности што се реализираат во рамки на привлекувањето странски инвестиции се согласно сите законски процедури, а дека позитивните ефекти од нив допрва ќе се почувствуваат.

- Во однос на реализацијата на државната помош може да истакнеме дека при секоја ваква постапка задолжително бараме и добиваме мислење од Комисијата за заштита на конкуренција и од сите останати институции во оваа област, вели Ѓорѓиев.

За најавата на директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида дека покрај направената ревизија од Државниот завод за ревизија ќе ангажира и друга ревизорска куќа, Ѓорѓиев рече дека секогаш е позитивно поголем број субјекти да направат контрола на една иста работа.

- Тоа е добро во рамки на кој било субјект и во рамки на која било институција, а определените забелешки што ги дава Државниот завод за ревизија од формално правна природа, како и досега, секоја институција ќе ги применува и почитува во натамошното работење, вели владиниот потпарол.

16.01.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега