Самарас ја прескокна Македонија за време на обраќањето во ЕП
Грчкиот премиер Андонис Самарас кој зборуваше за проширувањето на Унијата денеска пред Европскиот парламент во Стразбур не ја спомена Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА, Самарас во својот 32 минутен говор не ја споменал Македонија како дел од проширувањето на ЕУ.
- Грција покажа дека го поддржува проширувањето во минатото, посебно за земјите од Западен Балкан. Тоа што не интересира е да бидеме практични и ефикасни. Патот за зачленување на овие земји во ЕУ зеде нова динамика во последните две години, благодарејќи на членството на Хрватска, почетокот на преговорите со Црна Гора и доделувањeто статус земја кандидат на Србија, рече Самарас.
Самарас додава и дека Грчкото претседателство ќе направи се’ за да го промовира процесот на проширувањето за секоја од овие земји во функција на нивните постигнувања и специфичности. Треба да се потсети дека основните принципи и механизмите на агендата од Солун продолжува да ги одредува смерниците на регионот кон европската интеграција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа