Хаџи-Јанев: Мерките на Владата ќе ја подигнат борбената готовност на Армијата
Новите владини мерки за професионалните војници ќе придонесат за подигнување на моралот во Армијата генерално, што ќе ја подигне и борбената готовност. Ова го изјави денеска потполковник Методи Хаџи-Јанев, професор на Воената академија во Скопје.
- Моралот ќе порасне и кај професионалниот состав, но и кај старешинскиот кадар, кој има лидерски должности да се грижи за кадарот, кој го едуцирал и подготвувал за одредени мисии и задачи. Втора добра работа со оваа одлука е тоа што ќе се влијае на професионализација на Армијата, во смисла дека командантите ќе бидат растоварени од оној социјален момент и ќе можат да ги зголемат критериумите за оценување и филтрирање на самиот кадар, вели Хаџи-Јанев.
Според него овој чекор е олемо истапување напред во однос на проблемите кои ги тиштеа професионалните војници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа